понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаСемејно насилство вечерва одзеде еден живот - неофицијално син убил татко

Семејно насилство вечерва одзеде еден живот – неофицијално син убил татко

Во непосредна близина на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ вечерва се случувала вистинска драма. Како што ни јавуваат наши читатели, маж со видливи повреди од нож, барал помош на клинички. Но, неофицијално починал од искрварување.

Од неофицијални извори дознаваме дека по семејна кавга меѓу татко и син, синот го избодел таткото. Со оглед на тоа што живееле блиски до Клиничкиот центар, мажот на возраст од околу 50 години тргнал сам да бара помош во болница. Но, не успеал.

Во моменто на Клинички, како и во непосредна близина на настанот има многу полиција која што прави увид. Како што дознаваме, синот и се предал на полицијата.

Се очекуваат утре официјални информации за настанот.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ