домаНасловнаБензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот непроменета

Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот непроменета

Од ноќеска на полноќ бензините ќе се продаваат со променета цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Во согласност со методологијата која Регулаторната комисија за енергетика ја користи за определување на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.49%.

Цените на бензините се зголемуваат за по половина денар, со што еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 48.50 денари, додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 50.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува непроменета –  45.00 денари за литар. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ