Во Црна Гора нема повеќе заболени од вирусот КОВИД-19

0
164

Нема повеќе заболени со новиот коронавирус во Црна Гора, а поминаа 68 дена од првиот забележан случај, објави денеска Институтот за јавно здравје на Црна Гора.

Во последните 24 часа биле тестирани 140 лица, пренесува порталот „Вијести“.

Како што се наведува, од избувнувањето на епидемијата во Црна Гора се разболеле вкупно 324 лица, од кои 315 закрепнале, а девет починале. А.Н.