домаКУЛТУРАЛиковна уметностЗавршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности

Завршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности

Факултетот за ликовни уметности ја организира традиционалната 46. ЗАВРШНА ГОДИШНА ИЗЛОЖБА на студентските остварувања за академската 2025/2026 година на 3 јуни 2026 година (среда), во кампусот Педагошка, а на 5 јуни 2026 (петок) во Сули ан, со почеток во 20:00 часот.

Пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во текот на академската 2025/2026 година. Изложбите претставуваат увид во актуелните творечки практики на младите уметници и нивниот развој во различни медиуми и дисциплини.

Во рамки на свеченото отворање ќе бидат доделени и награди на најуспешните студенти.

По официјалниот дел од програмата ќе следува музичка програма со настап на диџеј Modem Priest и музучките бендовите Персеида, Калина Александар.

Факултетот за ликовни уметности ги поканува љубителите на уметноста, културната јавност, медиумите и сите заинтересирани граѓани да ги посетат изложбите и да се запознаат со тековната студентска продукција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ