понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаДосега регистрирани 375.555 смртни случаи од коронавирусот во светот

Досега регистрирани 375.555 смртни случаи од коронавирусот во светот

Најмалку 375.555 луѓе починале до вторникот во пандемија на коронавирус ширум светот, повеќе од 6.279.390 биле заразени, а најмалку 2.648.000 оздравеле од КОВИД-19, според најновите податоци собрани од АФП.

Бројот на заразени лица не ја претставува вистинската слика за пандемијата бидејќи некои земји ги тестираат само сериозно болните, некои користат тестирање за да го следат вирусот, додека голем број на сиромашни земји имаат ограничени скрининг капацитети.

САД се најпогодени од пандемијата со 105.114 жртви и 1.811.227 заразени, додека се опоравиле најмалку458.231, пренесува Танјуг.

Најпогодени земји после САД се Велика Британија (39.045 жртви и 276.332 заразени), Италија (33.475 жртви и 233.119 заразени), Бразил (29.937 жртви и 526.447 заразени) и Франција (28.833 мртви и 189.220 заразени).

Кина, со исклучок на Хонг Конг и Макао, каде епидемијата избувна во декември 2019 година, регистрираше 83.022 заразени лица, вклучително и пет новозаразени, 4.634 жртви и 78315 оздравени. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ