Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во денешното обраќање кон јавноста кажа дека нема да прогласи нова вонредна состојба поради пандемијата. Тој потенцира дека законски може да прогласи вонредна состојба и без барање од Владата, но овој пат нема да го направи тоа, бидејќи нема потреба од тоа. Пендаровски кажа дека Владата ги има обезбедено сите неопходни мерки и подготовки во однос на здравствената состојба на граѓаните/
„На 30 мај донесов одлука за продолжување на вонредната состојба, која истекува утре. Сите претходни вонредни состојби ги прогласував на барање на Владата, по заседавање на Советот за безбедност. Сите вонредни состојби ги прогласував на барање на владата со нејзино образложение зошто е потребно да бидат воведени. Една од потребите беше, во услови кога Собранието е распуштено, да се носат уредби со законска сила. Претседателот може и без барање на владата да прогласи вонредна состојба, но тоа не го направив. Во овој момент нема потреба да прогласам нова вонредна состојба“, рече Пендаровски.
Претседателот ги повика лидерите на партиите уште денеска да седнат и да најдат решение за надминување на личните интереси, во интерес на државните интереси и да се донесе датум за избори.
Н.Д.