Еднаш неделно: ЈАВНИ ПЕРВЕРЗИИ 

0
335
Во доцните деведесетти кај мене се качи сосетката од први кат и ме замоли да се јави на фиксен телефон. Нејзината пријатност и шеретост носеа задоволство само по себе, а солзи од смеење ми потекнуваат уште кога ќе се сетам на тонот со кој весело го водеше овој разговор, со некој од другата страна.
-Ало добар ден. Прочитав во оглас дека барате продавачка со искуство? Јас имам над 25 годишно искуство во најголемата трговска куќа во ГТЦ… Како колку години имам? Млада  дали сум?.. Млада сум… Како според гласот ви делувам за постара? А и да сум постара што менува тоа во трговскиот занает?… Господине, вие барате продавачка со искуство или? Не може да е и со искуство и да е млада?… Вие барате продавачка или с*ксачица (го покачи тонот), јас сум си најубава, туку можам да замислам ти каков си штом преку оглас бараш љубовница, мрррршш!” и ја спушти слушалката.
Во транцизискиот мачо период, оние кого го доживеаја паметат, тренд беше номенклатурата “газда на бутик” или „газда на кафуле” или било што “газда на приватна дејност”, зошто во секој момент можеше да вработи млада девојка. А тоа беше престиж меѓу газдите, па така брзо се прошири стереотип дека продавачките треба да се млади, згодни, газдата да ги избира, а повеќето од нив да му станат и љубовници. Не може сега тој да и дава плата на млада убава девојка, а друг да ја љуби. Тој ќе ја љуби. Секако, паралелно со среќниот брак кој си го има.
Нека не ви звучи како осудување. Тоа беше реалност. Инаку, од каде, да речеме девојка од посиромашно семејство или скромна студентка од мало место штом се вработеше во бутик, каде платата беше едвај двеста триста тогашни марки, наеднаш покажуваше скапа гардероба, чанти, чевли, шетање и пиење скапи коктели. Газдата секогаш беше расположен да плати екстра на младата дама. Многу од тие девојки и сами ги признаваа врските. А беше многу смешно, во мал бутик од десеттина квадрати дотераната и нашминкана девојка внатре продава, а газдата се врти пред бутик, ќе оди до банка ќе уплати промет набрзина и цел ден се врти пред бутик. Го контролираше секој купувач, за да не му ја земе некој продавачката, која според години му беше ќерка. И да не му избега со помлад.
Ова тогаш само го најави трендот кој следуваше. Дека средовечните мажи прва прилика штом ќе им се укаже, “тријат раце” на двојно помлади девојки. Реалноста и социјалните мрежи, оваа, јас би ја нарекла патологија, само ја надградија и прикажаа јавно. “Јавна соба” само ја даде на увид.
На млада личност никој нема право да и суди, таа е млада и младоста носи разни бранувања и слободи. И младите си имаат посебен, свој свет. Меѓу себе да си комуницираат послободни.
Ама за средовечни и зрели луѓе, ви се чини нормално да се вклучуваат на такви соби и да прегледуваат фотографии од девојки, меѓу кои може да најдат фотографија дури и од својата сосетка, внука па дури и ќерка? И да коментираат, да напаѓаат, да навредуваат, да пишуваат вулгарности…
Социјалните мрежи ги споија сите генерации, но некои работи што се прават таму се далеку од нормала. Перверзии. Повозрасен или постар човек да и се насладува на фотографија на гола девојка и да и коментира недолично? Да разменува мислење на темата со други такви “напалени средовечници” ? И остај тоа, сега кога се опоменати и демаскирани во својата активност, напаѓаат и навредуваат ко божем да се во право, место да се заруменат во образите и да се засрамат и извинат. Отвораат нови “Јавни соби”.
За жал таквите луѓе не само што и самите  имаат (скриена) извртоперена психологија, патолошка за својата возраст и не знаат што е нормално, а што не, ја извитоперуваат и психата на младата девојка. Затоа и се јавуваат разни случаи најчесто хаотични врски меѓу постар човек и млада девојка. За некој интерес-пари, позиција, привилегија.
Вознемирувачки е едно признание кое пред неколку години го прочитав на твитер-“Другар на татко ми јаде многу месо и нон стоп му е д*гнат, па кога ќе ме грабне, пердуви летаат” …
Нормално не е, и не може да биде. А заедницата, општеството и безбедносните служби треба да ги впрегнат сите механизми во сузбивање на ова перверзно отстапување од нормалата, кое од тајно стана видливо јавно.
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.