Ангела Меркел потврди дека за патување низ Европа ќе мора да се има дигитален сертификат

0
695

Вечерва, на редовната видео-конференција посветена на борбата против пандемијата со ковид-19, лидерите на ЕУ покажаа дека расте поддршката за т.н. дигитални сертификати за вакцинација засновани врз заеднички европски критериуми за влез во земјите членки и отворање на општеството по пандемија.

Германската канцеларка Ангела Меркел исто така потврди дека лидерите на ЕУ се согласиле за потребата од воведување на сертификат за вакцинација против корона вирусот. Таа на прес-конференцијата по виртуелниот состанок на ЕУ рече дека на Унијата ќе и требаат три месеци за да ги подготви сертификатите.

– Сите се согласија дека ни треба дигитален сертификат за вакцинација – посочи Меркел.

Меркел спомена дека е потребно да се зголемат капацитетите за производство на вакцини против ковид-19 и дека ЕУ мора да се подготви за сценариото во кое вакцинацијата ќе продолжи и во наредните години, поради појавата на нови видови на вирусот корона.

Сертификати достапни пред летото

Според Ројтерс, Меркел додаде дека сертификатите најверојатно ќе бидат достапни пред летото. Концептот на сертификати за вакцинација беше претставен како идеја што може да овозможи патување меѓу земјите-членки на ЕУ во контекст на пандемијата со ковид-19.

На видео конференцијата биле решени неколку точки во насока на спречување на ширење на вирусот Ковид-19, а Меркел на прес конференција тоа го обајснила вака:

1. Ние сме решени да продолжиме да работиме заедно и да ја координираме нашата акција за борба против пандемијата и нејзините последици. Епидемиолошката состојба останува сериозна, а новите варијанти претставуваат дополнителни предизвици. Затоа, ние мора да поддржуваме строги ограничувања, истовремено зголемувајќи ги напорите за забрзување на обезбедувањето вакцини.

2. Засега, потребно е да се ограничи патувањето што не е потребно. Ние го поздравуваме усвојувањето на две препораки на Советот за патување во и во рамките на ЕУ, според кои ограничувањата може да се воведат во согласност со принципите на пропорционалност и недискриминација, земајќи ја предвид специфичната состојба на прекуграничните заедници. Мора да се обезбеди непречен проток на стоки и услуги на единствениот пазар, вклучително и употреба на зелени линии на движење.

3. Вакцинацијата сега започна во сите наши земји-членки, а нашата стратегија за вакцинација обезбеди сите земји-членки да имаат пристап до вакцините. Како и да е, итно треба да го забрзаме одобрувањето, производството и дистрибуцијата на вакцините, како и вакцинацијата. Исто така, треба да го подобриме нашиот капацитет за следење и откривање за да ги идентификуваме варијантите што е можно порано за да го контролираме нивното ширење.

4. Ние повикуваме на работа за продолжување на заедничкиот пристап кон сертификатите за вакцинација и ќе се вратиме на ова прашање.

5. Ја потврдуваме нашата солидарност со трети земји и ја потенцираме нашата решеност да го зајакнеме глобалниот одговор на пандемијата. Остануваме посветени на подобрување на пристапот до вакцини за приоритетните групи во нашето соседство и пошироко, засновани врз заеднички принципи и за поддршка на глобалниот пристап преку Ковакс системот. Ги поздравуваме првите планови на Ковакс за дистрибуција на вакцини во 92 земји со низок и среден приход. Ние сме посветени на придонесот кон фер уделот на ЕУ во ACT финансирањето.

6. Ние ќе продолжиме внимателно да ја разгледуваме целокупната состојба и да преземеме активности по потреба.

7. Иако кризата од Ковид-19 сè уште не е завршена, време е да започнеме со зајакнување на нашата идна здравствена еластичност.

8. Ние ќе работиме на подобрување на координацијата на ЕУ, во согласност со надлежностите на Унијата според Договорите, за да обезбедиме подобра превенција, подготвеност и одговор на идните здравствени итни случаи. Како приоритет, треба да се работи за да се обезбеди дека ЕУ има средства да обезбеди доволно вакцини и критични материјали за сите свои земји-членки, за да го поддржи целиот процес на развој на безбедни и ефективни вакцини и лекови, вклучително и рани инвестиции во производство на капацитети и најдобро искористување на големите податоци, дигитални технологии за медицинско истражување и здравствена заштита. Работата на предлозите на Здравствениот сојуз и на фармацевтската стратегија, вклучително и пристапот до лекови низ земјите-членки, исто така треба да се подобри.

9. Ја покануваме Комисијата да презентира извештај до јуни 2021 година за лекциите научени досега за време на пандемијата со ковид-19. Извештајот исто така треба да се однесува на размена на информации, координација, комуникација и заедничка јавна набавка, како и начини да се обезбеди соодветен производен капацитет во ЕУ и градење стратешки резерви, истовремено поддржувајќи ја диверзификацијата и еластичноста.

10. Глобалната мултилатерална соработка е неопходна за решавање на тековните и идните закани по здравјето. Ние сме посветени на унапредување на глобалната здравствена безбедност, вклучително и зајакнување на Светската здравствена организација и работа на меѓународен договор за пандемија во рамките на неа. Во овој контекст, со нетрпение го очекуваме Глобалниот самит за здравство на Г20 во Рим.

Австријците и Грците први се пријавија за сертификати

Претходно денес, Австрија и Грција предложија воведување на заеднички сертификати, со цел да се овозможи патување во текот на летната сезона оваа година.

Грчкиот вицепремиер Акис Шеркос рече дека заедничкиот дигитален сертификат „воопшто не е дискриминирачки“. Тој исто така ги повика оние кои не се вакцинирани да дојдат во Грција на лето, но предупреди на можноста за нивно тестирање или задолжителна самоизолација по пристигнувањето во земјата.

Грција и Кипар се согласија да прифатат туристи од Израел кои се негативни на вирусот корона и можат да го докажат тоа со израелски „зелени“ дигитални сертификати.

Грчкиот министер за туризам Хари Теохарис изјави дека постои можност да се постигне сличен договор со Велика Британија. Сепак, британската влада сè уште нема усвоено никаков сертификат за вакцинација, ниту го поддржа заминувањето на одмор во странство.

Меркел: Не бирајте помеѓу вакцините, ни се заканува третиот бран

Пред самитот на ЕУ, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека новите варијанти на вирусот корона можат да значат трет бран на пандемијата, а Германија мора да преземе внимателни и претпазливи чекори за да не биде неопходна нова целосна блокада на национално ниво.

– Поради новите соеви на вирусот корона, влегуваме во нова фаза на пандемија од која може да се појави трет бран. Значи, мора да постапуваме мудро и внимателно, за третиот бран да не бара нова целосна блокада на Германија – рече Меркел за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Таа рече дека вакцината „Астра Зенека“ е сигурна, ефикасна и безбедна.

– Сите власти на тоа поле ни велат дека на оваа вакцина може да и се верува. Сè додека вакцините се оскудни како моменталната состојба, не можете да изберете со што сакате да се вакцинирате – рече Меркел.

На вториот ден од видео-конференцијата, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и министерот за надворешни работи на ЕУ, Џузепе Бореj, ќе им се придружат на лидерите на ЕУ во дискутирање на безбедносната и одбранбената политика и ориентација.

Вториот ден од конференцијата на лидерите на ЕУ ќе заврши со разговори за односите со јужните соседи, вклучувајќи ги Египет, Мароко, Израел и Палестина, Сирија и Либија.

Н.Доковска