СРПСКА ОПЕН: Ѓоковиќ ги разочара фановите, ама и “тапкaрoшите”

0
192

Од нашиот специјален известувач од Српска Опен 2023, Наташа Доковска

Петтиот ден од Српска опен помина во исчекување на мечот меѓу српските тенисери, првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ и 70от на ранг листата, Душан Лајовиќ. Но, по неочекуваниот пораз на Ѓоковиќ, за кој овде се шпекулира дека бил наместен,
вљубениците на тенисот остана разочарани. Фановите од играта што ја покажа Ѓоковиќ на Централниот терен, препродавачите на карти од паднатиот интерес за финалето.
Ѓоковиќ како и секогаш по завршувањето на мечот одржа прес конференција на која рече
„Лајовиќ е фантастичен поединец. Се познаваме долго време. Играме заедно во Дејвис купот. Ова е неговата најголема победа“.
Најдобриот тенисер на светот призна дека не го игра својот најдобар тенис, имено дека се надевал дека крајот на сезоната на земјена подлога ќе биде многу поуспешен. Во својот одговор на прашањето што го реши натпреварот: фактот дека Лајовиќ одигра добро или дека не одиграл доволно добро, Новак рече:
„Комбинацијата од двете. Лајовиќ играше добро. Од друга страна, играв многу полошо отколку што сакав. Не можам да добивам натпревари против противници кои се толку цврсти на оваа подлога играјќи вака. Не се чувствував добро на теренот, нозете ми беа бавни, а работата на нозете ми беше спора, многу промашени шутеви, тотално без насока. На моменти играв добро, но играв забележливо под моето ниво“.
За разлика од Ѓоковиќ, Душан Лајмовиќ кој имаше многу помаллу поддршка од публиката рече:
„Се чувствував удобно на мојот сервис и тоа ми ја зголеми самодовербата за време на поените. Го измешав со мојот сервис. Забележав дека му е непријатно со враќањето, не знаеше што точно да прави. Имав доволно среќа да спасам неколку брејк топки во тешки моменти.Покрај тоа, верувам дека добро се држев кога натпреварот стана стресен, подобро од очекуваното и тоа го реши натпреварот. Имаше многу тензични моменти, но успеав да го играм мојот најдобар тенис кога ми беше најпотребно “, изјави Лајовиќ.
Тој го коментираше и неговото пријателство со Ѓоковиќ.
„Првпат го видов Новак кога имав девет години и поминавме многу заедно, вежбавме заедно во многу прилики. Како и да е, уживав играјќи го овој натпревар. Не е важно дали сум победил или сум загубил. Сакам да додадам дека локалната публика беше феноменална, повеќе го поддржуваше Ѓоковиќ, но тоа само ме охрабри“.
Лајовиќ не сакаше да ги анализира нивните претходни дуели.
Душан Лајовиќ утре ќе игра против Миомир Кецмановиќ во полуфиналето на Отвореното првенство на Српска Опен.
„Миша е во одлична физичка форма. Тој играше подобро од мене во последните година и пол. Никогаш не сме играле еден против друг. Ќе биде предизвик натпревар. нема да биде лесно. Тој е навистина добар играч, самоуверен, но јас сум подготвен за полуфинале. Се надевам дека двајцата ќе дадеме максимум и ќе имаме уште еден интересен натпревар“.
Денеска, овде во Бања Лука големо внимание привлече и играта помеѓу Андреј Рубљев и Дамир Џумхур, којшто играше на домашен терен и кој за жал, и покрај одлично покажаната игра изгуби од неприкосновениот Рубљев.Но, ниту нивните имиња како патем и името на Ѓоковиќ, не беа доволни да го наполнат Цнтралниот терен до последното место.
Она што го привлекува вниманието на новинарите,барем на потписникот на овие редови, е дека голем број на љубители на тенисот успеале да купат билети за таканаречената фан зона каде што повеќе има место за забава и големи бимови на коишто може да се следат натпреварите, додека на централниот терен, имаше слободни места, додека на касата на благајната пред да спортскиот центар немаше да се најдат карти ниту за лек.

На речиси празен терен, прв меч беше помеќу словачкиот тенисер Алекс Молчан и српскиот тенисер Ласло Џере, а кој заврши со победа на Словакот. Младиот Молчан, и самиот изненаден од победата на пресот кусо изјави:
„Бев на работ да го загубам натпреварот, но се борев затоа што сум борец. Секогаш се борам до крај“.
Сепак мештаните и љубителите на тенисот коишто дошле да ги проследат овие мечеви, а коишто нормално останаа само во фан-зоната, велат дека веќе почнале да се нудат карти кој што препродавачите ги купиле надевајќи се дека Ѓокович ќе биде 1 од финалистите. Но, откако го загуби мечот и по прес конференцијата која се одржа веднаш по завршувањето на мечот си замина за Белград, ги засени надежите на препродавачите дека ќе можат да продадат карта повеќе за да го сретнат Ѓоковиќ во живо.
Она што исто би сакала да го споменам за прв пат во мојата кариера како новинар да забележам дека новинарите не се пуштаат да се движат слободно. Прес службата, во која патем има помалку места за седење од акредитирани новинари, има некој чуден начин на инсистирање новинарите да се носат со придружба до теренот, да се враќаат со придружба и на крајот на денот да ги остават акредитациите во службата, што значи нивното движење е строго ограничено.

Во очекување на денешното полуфиналето Рубљев – Молчан и Лајовиќ- Кецманович, на љубителите на тенисот им останува да се дружат во фан зоната, која е одлично организирана и чија инфраструктура е одлично поставена.
Бања Лука тапка во ритамот на „асовите“.