Златибор: Магична Ода на Зимскиот Сон

0
182

По една декада скијање на падините на Пампорово, оваа година одлучивме да го искористиме бенефитот на Отворен Балкан и отидовме да скијаме во соседна Србија. Се двоумевме меѓу Златибор и Копаоник, но по информациите за астрономските цени на Копаоник, се одлучивме за малото, интересно градче кое демонстрира перфектна хармонија помеѓу снежниот спорт и уживањето во природата.

Самата планина Златибор, сместена во западниот дел на Србија, се издигнува како едно од познатите зимски дестинации. Оваа планина останува синоним на зимата, топлината и гостопримството на луѓето во еден уникатен искусен одмор.

Златибор претставува богатство на можност за зимско уживање. Скијањето е неизбежен дел од овој регион, со свои различни патеки, а ски-центарот Торник нуди идеални патеки како за почетници, така и за искусни скијачи. Брзината по снежните стази креира една вистинска уметност на снег.

За тие што не сакаат скијање, Златибор нуди и други магични искуства, како што се санкање, возење на санки со коноп, јавање коњ по снежните падини… Пејсажот светли под сјајот на сонцето и стапките на снегот, создавајќи совршена сцена за романтични шетања и иконски фотографии. Снежните завоји ги градат врвовите на Златибор, создавајки слој од зимскиот прав на оваа планина, додека сонцето ја злати бистрата вода на езерото.

Не само што Златибор е подготвен за зимска забава, туку и нуди “вкусни“ и културни настани. Рестораните и кафаните го слават автентичното српско кулинарско искуство, нудејќи ја храната со цел да се ужива во јадењата и напитките. Цените, пак, речиси исти како кај нас. Цената на ски лифтовите и изнајмувањето на опрема за скијање чини сто евра за петдневно зимско уживање, а рестораните се нешто повисоки, но ако се има предвид местото и не е скапо. Хотелите, пак, се друга приказна. Сите до еден реновирани, чисти, со пристап и паркинзи исчистени од снегот. И она што ми остави најголем впечаток се многуте контејнери за отпад, кои ако не знаеш дека се контејнери за отпад, никогаш нема да знаеш дека таму се фрла ѓубре. А околу нив, или пред нив, нема ни хартија фрлено!!!

Златибор, покрај своите зимски убавини, се претвора во магично природно урбано место оваа сезона. Хотелите, приватните сместувања и паркинзите говорат дека овој зимски ресорт е посетен од неколу илјада туристи од целиот регион.И Македонците ги има во значителен број, кои оваа година ги заменија бугарските змиски центри со српските…

Н.Доковска