вторник, октомври 22, 2024
домаНасловнаКризата во М-НАВ: Предизвици за безбедноста на македонското небо и европската интеграција

Кризата во М-НАВ: Предизвици за безбедноста на македонското небо и европската интеграција

Во текот на минатата недела, М-НАВ стана предмет на сериозни несогласувања и протести помеѓу вработените и надворешни лица. Спорот се заснова на обидот за вработувањето на некомпетентни партиски војници во институција која игра клучна улога во обезбедувањето на македонското небо и безбедноста на патниците во авио собраќајот.

Оваа ситуација предизвика реакција и од владата, која најави дека денеска на владина седница ќе биде извршена смена на раководството. Во исто време, од Македонска агенција за воздухопловство (М-НАВ) најавуваат штрајк доколку не се направат конкретни промени во раководната структура, со цел ставање крај на непотизмот при вработувањето.

Основата на овој конфликт е негативниот потенцијал кој може да го има на безбедноста на воздушниот простор во Македонија. Според неофицијалните известувања, ЕУРОПОЛ предупредил дека може да ја исклучи Македонија од воздушната мрежа, што би значело забрана на сите полетувања, слетувања и прелетувања над територијата на земјата. Ова би имало сериозни последици не само за авио индустријата, туку и за општеството во целост, вклучувајќи ги и економските и безбедносните аспекти.

Проблемот на политичкиот непотизам и несериозното вработување во институции кои треба да бидат стратегиски важни за националната безбедност не е нов во Македонија. Од сите институции, Кулата за контрола на летањето треба да биде максимално професионална и компетентна за да се осигура безбедноста на воздушниот простор. Неговото компромитирање со неквалификувани кадри може да предизвика сериозни последици и ја поставува Македонија во ризик од исклучување од европската воздушна мрежа.

За успешното решавање на оваа криза, есенцијално е владата да подготви брзи и решителни чекори во сменувањето на раководството и во сите други институции кои се клучни за националната безбедност. Атак врз звработени во било која Кула за контрола на летовите се смета за обид за терористички напад, само кај нас има ново име – кошкање! Истовремено, потребно е да се воведат мерки и постапки за спречување на непотизмот и обезбедување на професионално вработување во овие стратегиски институции.

Социјалните и економските последици од исклучувањето од европската воздушна мрежа би биле тешки за Северна Македонија, затоа што би ја изолирале од меѓународниот воздушен простор и би предизвикале сериозни проблеми за авиоиндустријата, туризмот и економијата како целост.

Владата е денеска пред можеби најголемиот тест за најзината иднина. Доколку (не)успее да го одржи ветувањето од минатата недела, на Северна Македонија и следи мрак и потврда за некадреноста на нашите политичари да се изборрат со непотизмот и корупцијата, доколку пак, сепак успее да го смени раководството и да го обели образот, ќе всади тронка надеж дека може и да има промени.

Чекаме сите, а најмногу вработените во М-НАВ, како и неколку стотиците патници кои имаат купено авиобилети за утре.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ