ЛОИ 2024: Тениски шок на Игрите! Ига Швјонтек елиминирана во полуфиналето, златото останува сон

0
41

Најдобрата тенисерка во светот, Ига Швјонтек, беше поразена во полуфиналето на Олимписките игри!

Полјачката беше поразена од Кинеската тенисерка Ќинвен Џенг, и тоа со резултат 6:2, 7:5. Ова е првиот пораз на Швјонтек на париската шљака по долг период од дури три години.

Кинеската тенисерка ќе се бори за злато против победничката од дуелот помеѓу Словакињата Ана Каролина Шмиедлова и Хрватката Дона Векиќ.

Ф.С.