ЛОИ 2024: Ѓоковиќ ќе игра полуфинале по победата над Циципас

0
78

Новак Ѓоковик е во полуфиналето на Олимписките игри! Српскиот тенисер, и покрај проблемите со повредата, го совлада Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (3). Во четвртфиналето, српскиот тенисер успеа да се избори со повредата на десната нога и со расположениот Циципас – во вториот сет надомести заостаток од 4:0, спаси три врзани сет топки на противникот – и на крај славеше голема победа.

Циципас решително и без страв влезе во мечот – удираше силно од основната линија и напаѓаше. Но, на другата страна го имаше најдобриот тенисер на сите времиња – Ѓоковик стигнуваше до сите удари и возвраќаше уште посилно.

Јасен план за игра имаше Србинот за расположениот противник, рано ја презеде иницијативата и веќе во четвртиот гем направи брејк.

Новак целосно ја контролираше ситуацијата на теренот, добро сервираше и одлично се движеше – сè беше во неговите раце, па без проблеми го доби првиот сет, со магичен последен поен кој му го “украде” на противникот.

Потоа следеше неочекуван почеток на вториот сет. Од вториот гем, Ѓоковик имаше проблеми со повредата на десната нога, поради што тешко се движеше и двапати побара медицинска помош.

Циципас ја искористи ситуацијата, не се откажуваше и стекна два брејка предност за 4:0. Со право беа загрижени навивачите на Ѓоковик во тие моменти.

Меѓутоа, Србинот покажа зошто е најдобар на сите времиња. Во најважните моменти ја најде својата игра и спаси три врзани сет топки на противникот!

Во тај-брејкот, Циципас прв дојде до предност, но Ѓоковик не планираше да остане подолго на теренот. Направи пресврт за голема победа.

Ф.С.