Огромен бран се заканува да го потопи градот Ниса во Полска!

Градоначалникот упати итно предупредување, граѓаните во страв: „СЕ РАБОТИ ЗА ПРАШАЊЕ НА ЧАСОВИ!“

0
76

Циклонот Борис ја погодува Европа од средата вечерта, а откако синоќа се премести кон Чешка и граничниот дел со Полска, направи хаос во оваа држава. Најстрашно е во градот Глочко, каде утрово започна евакуацијата и каде едно лице се удави. Во текот на денот дојде до пукање на брана во овој дел од Полска, поради што целиот град е поплавен, мостовите се срушени, а бујицата носи сè пред себе. Последиците од оваа поплава се закануваат да го уништат малиот туристички град Ниса.

За неколку часа поплавниот бран ќе стигне до Ниса и целосно ќе го потопи градот. Градоначалникот на градот, Кордијан Колбиарж, објави порака на Фејсбук во која пишува дека поради пукањето на браната, испуштањето на водата од езерото од сегашните 600 ќе се зголеми на 1.000 кубни метри во секунда.

– Тоа значи дека градот наскоро ќе биде поплавен. Прашање е на часови – изјави една жена која непосредно пред викендот пристигнала да ја види својата мајка. Во соопштението, градоначалникот на Ниса повикува на претпазливост.

– Полицијата ги затвора нашите два моста! Избегнувајте прошетки низ шумовитите предели. Веќе имаме неколку паднати дрвја – изјави тој.

С.Н.