Ѓоковиќ го доби Надал во егзибицискиот меч во Саудиска Арабија

0
35

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ се соочија за последен пат како професионални тенисери на Six Kings Slam егзибицијата во Саудиска Арабија. Ѓоковиќ го победи Надал и се пласира на трето место, но овој резултат нема да влезе во официјалната статистика на нивната ривалска борба, која се смета за најголема во историјата на машкиот тенис.

Во бројки, дуелот Надал – Ѓоковиќ изгледа вака: досега имаат изиграно 60 натпревари на турнирите, од кои 31 победа за Ѓоковиќ, 29 за Бикот од Манакор.

Во куни 2006 го играат првиот натпревар во четвртфиналето на Ролан Гарос, а 18 години подоцна, во јули 2024, последниот натпревар, повторно на Ролан Гарос, но во втората рунда на Олимписките игри.

Статистиката го покажува и следново:

  • 11-7 за Рафа во дуелите на Гренд Слем.
  • 5-4 за Рафа во финалињата на Гренд Слем.

-20-9 за Рафа на земјена подлога.

-2-2 на трева.

  • 20-7 за Ѓоковиќ на тврда подлога, вклучувајќи 5-2 во затворени простори.

Речиси половина од нивните дуели се случиле во финалиња (15 победи за Ѓоковиќ наспроти 13 за Надал) и 20 пати во полуфиналиња.

Ѓоковиќ никогаш нема освоено 6-0 против Надал, додека Рафа му има доделено два „багела“. Најдолга серија победи за Рафа: 5. Најдолга серија победи за Ѓоковиќ: 7 (двапати).

Десет натпревари на Ролан Гарос (без Олимписките игри). Ѓоковиќ е единствениот играч кој го победил Надал повеќе од еднаш на Ролан Гарос (двапати).

5:53: Тие одиграа најдолго финале во историјата на Гренд Слем на Австралија Опен 2012.

Ф. С.