Амазаке: Древниот јапонски напиток за здравје и убавина

0
36

Амазаке е древен, безалкохолен и лесно ферментиран пијалок направен од ориз, кој може да се послужи топол или ладен. Првично бил награда за луѓето кои извршувале тежок физички труд, а кремастиот пијалок претставува вистински микрокосмос на јапонската кулинарска историја. Освен што е исклучително здрав, амазаке имал и утешна функција: со состојки како ѓумбир, луѓето се затоплувале за време на студените зимски денови, па така станал дел од празничната традиција и национален симбол.

Името „амазаке“ значи „сладок саке“, иако пијалокот содржи само траги од алкохол поради процесот на ферментација. Со околу 80 калории на 100 грама, амазаке позитивно влијае на здравјето на телото, помага при раст на косата, губење на тежината, опоравување од мамурлак, регулирање на циклусот на спиење и добрата функција на дигестивниот систем.

Во последните децении, со зголемената популарност на занаетчиското и домашното производство, амазаке се враќа на голема врата и станува попопуларен од кога било. Денес, пијалокот може да се најде во сите кафулиња и ресторани ширум Јапонија, каде што локалното население го обожува, било како утринска посластица или како попладневен уживак за понесување.

Амазаке првпат бил развиен во периодот Кофу, од 250 до 538 година. Тој првично бил техника за ферментација и конзервирање на храната, направена со готвење на ориз, вода и кој (влакнеста габа). Овој пијалок е полн со хранливи состојки и корисни бактерии кои го поттикнуваат варењето, и е популарен и како пијалок и како лек. Од тогаш до денес, амазаке доживува неколку подеми и падови во популарноста, но денес повторно зазема значајно место во јапонската култура.

Ф.С.