Гугл одбива да го почитува законот на ЕУ за проверка на факти

0
6

Google ја извести Европската комисија дека нема да го почитува новиот закон за проверка на факти. Компанијата изјави дека нема да додава проверки на факти во резултатите од пребарувањето или во видеата на YouTube, ниту ќе ги користи податоците од проверките на факти при рангирање или отстранување на содржини. Кент Вокер, претседател за глобални прашања во Google, изјави дека интеграцијата на проверките на факти „едноставно не е соодветна ниту ефикасна за нашите услуги“.

Ова се случува во време кога Мета најавува укинување на својот програм за проверка на факти во САД, додека X (поранешен Твитер) продолжува со намалување на тимовите за проверка.

С.Н.