Силна снежна бура во дел од САД, Њујорк под снежна покривка

0
16

Силна снежна бура погоди делови од три американски сојузни држави, известуваат американските медиуми. Снег, дожд и мраз вчера зафатија Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, при што целото подрачје е под предупредување за снежна бура.

Снегот паѓаше низ целиот регион неколку часа во саботата навечер. Градот Њујорк издаде предупредување за снег во саботата. Одделот за санитарни услови објави дека илјадници вработени ќе работат во 12-часовни смени за да посипуваат сол и да ја подготват опремата за обилните врнежи.

Официјалните лица на Лонг Ајленд исто така се подготвија за бурата. Екипи во голем дел од подрачјето на трите сојузни држави се подготвуваа за бурата, вклучувајќи градови низ округот Вестчестер кои ангажираа дополнителен персонал, обезбедија тони сол и поставија повеќе камиони на улиците.

Во Њу Џерси исто така е на сила предупредување за зимска бура. Државата воведе и некои привремени ограничувања за патувања.

С.Р.