дома Живот Здравје Во Хрватска повлечена мешаната салата „Бенита“ од македонски производител

Во Хрватска повлечена мешаната салата „Бенита“ од македонски производител

0
48
Screenshot

Во Хрватска од продажба се повлекува производот „Бенита“ мешана салата 670 грама, произведен од македонски производител, откако со контрола било утврдено присуство на пестицидот хлорпирифос, пишува хрватски ИНДЕКС. Спорниот производ не е во согласност со прописите за дозволени нивоа на остатоци од пестициди во храната.

Станува збор за производ со рок на употреба 10.11.2027 година и серија L.1662025, а хрватскиот трговски синџир веднаш ја повлекол спорната серија од продажба. Потрошувачите кои го купиле производот можат да го вратат во продавниците и да добијат поврат на средствата.  

Компанијата се извини за настанатата непријатност и посочи дека безбедноста на потрошувачите останува приоритет