Во Хрватска од продажба се повлекува производот „Бенита“ мешана салата 670 грама, произведен од македонски производител, откако со контрола било утврдено присуство на пестицидот хлорпирифос, пишува хрватски ИНДЕКС. Спорниот производ не е во согласност со прописите за дозволени нивоа на остатоци од пестициди во храната.
Станува збор за производ со рок на употреба 10.11.2027 година и серија L.1662025, а хрватскиот трговски синџир веднаш ја повлекол спорната серија од продажба. Потрошувачите кои го купиле производот можат да го вратат во продавниците и да добијат поврат на средствата.
Компанијата се извини за настанатата непријатност и посочи дека безбедноста на потрошувачите останува приоритет



