домаНасловнаМНТ од утре ќе ги емитува своите претстави на Јутјуб

МНТ од утре ќе ги емитува своите претстави на Јутјуб

МНТ од утре ќе понуди следење на нивните театарски претстави онлајн, на Јутјуб-каналот на оваа институција за да ја приближат магијата на театарот во овој период кога владеат мерки на забрана поради коронавирусот.

-Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20 часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“. Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн – се вели во соопштението од МНТ. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ