домаНасловнаЗабрана за движење од 16 до 05 часот за време на викендот

Забрана за движење од 16 до 05 часот за време на викендот

Забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот, ова е новата одлука за измени и дополнувања на забраната на движење на целата територија донесена од Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, и по заклучок на Главниот координативен кризен штаб за целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19.

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ