домаНасловнаУникатен начин како Словенија им помага на малите бизниси

Уникатен начин како Словенија им помага на малите бизниси

Словенечката економија ќе се намали за 25% како резултат на епидемијата, покажуваат анализите

Епидемијата предизвикана од  коронавирусот во Словенија има најголемо влијание врз малите бизниси, се вели во анализата во земјата. За да им помогнат на малите компании, приватна компанија создаде веб-страница и мобилна апликација која ќе им овозможи на граѓаните да ги купат услугите што ќе ги добијат по завршувањето на изолацијата и епидемијата.

Граѓаните кои сакаат да им помогнат на локалните фризери или козметичари чии салони се затворени со недели, можат да купат таканаречени ваучери за услуги. Тие директно ќе им помогнат на сопствениците во криза, а потрошувачите ќе добијат услуга кога епидемијата ќе заврши.

Преку веб-страницата и апликацијата, Словенците купуваат ваучери главно за фризерски услуги, козметика, масажи, хемиско чистење, миење автомобили и многу повеќе.

Ал. Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ