Владата донесе уредба со законска сила за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност и работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-финансиската криза предизвикана од Ковид-19 за исплата на плати за месеците април и мај, рече денеска на прес-конференција премиерот Оливер Спасовски.
Како што појасни Спасовски , мерката за исплата на 14.500 денари за секој вработен на неопределено, определено време и за работници со скратено работно време за месеците април и мај, е директна мерка за зачувување на работните места и за олеснување на континуитетот на работните процеси.
-Дури 87 отсто од компаниите се подобни да аплицираат за сите мерки. Ќе бидат опфатени околу 250.000 работни места и околу 35.000 компании. Сумата која ќе ај добие секој работник за месеците април и мај изнесува 29.000 денари, односно 14.500 денари месечно на сметка на рбаотодавачот, пари наменети за работниците – рече Спасовски.
Тој појасни дека уредбата го опфаќа секое претпријатие кое вработува работници врз основа на договор за вработување, секое правно лице кое вработува работници вз основа на договор за вработување и работодавачите кои преку прватни агенции за вработување ангажирааат работници.
Барателот на финансиска поддршка треба да го достави барањето до Управата за јавни приходи преку системот за е-даноци, до 5-ти од месецот за претходниот месец. Износот ќе се исплатува до 13 во месецот за претходниот месец.
Доколку УЈП утврди дека работодавачот не исполнил условите за стекнување финансиска поддршка, тој е должен да ги врати средствата заедно со пресметаните камати. Работодавачот кој користел финансиска поддршка до септември мора да го задржи истиот број на вработени како во периодот за кој барал финансиска поддршка.
Како алтернатива работодавачите наместо за исплата на плати може да побараат поддршка за покривање на 50 проценти од придонесите за задолжително социјално осигурување за наведените месеци април и мај. Притоа, како што рече Спасовски, пресметаната сума не може да биде повисока од 50 отсто од придонесите за социјално осигурување пресметани според просечната бруто плата според податоците на државниот завод за статистика од 2020 година. Со мерката се очекува да бидат опфатени околу 20 отсто од осигурениците, за што се потребни 568.690 милиони денари за април и мај. Не може да се користат двете мерки, туку или плата или покривање придонеси.
-Владата воведува економски мерки за секој погоден од кризата. Државата интервенира за спас на секое загрозено работно место. Затоа денес донесовме и Уредба за финансиска поддршка на физичка лица кои вршат самостојна дејност погодени од кризата со Ковид-19 за парил и мај. Оваа уредба е за нашите сограѓани занаетчии и вршители на самостојни дејности. Финансиската поддршка на физичкото лице кое врши самостојна дејност ќе се спроведува преку владината програма за поддршка со исплата на средства преку трансакциска сметка за април и мај, во износ најмногу до 14.500 денари месечно – соопшти премиерот Спасовски.
Условите за аплицирање, како што рече Спасовски, ќе бидат објавени на интернет страната на владата по стапување во сила на донесената уредба. А.Р.