среда, ноември 20, 2024
домаЖивотЗдравјеФилипче: Први за вакцинирање здравствените работници, лица над 65 години и хронично...

Филипче: Први за вакцинирање здравствените работници, лица над 65 години и хронично болни

Здравствените работници кои се во директен контакт со заболени или сомнителни, оние кои работат во ковид центрите и лаборатории, граѓаните над 65 години и пациентите со хронични белодробни и кардио-васкуларни болести, вработените во критичната инфраструктура и во транспортот, ќе бидат први на листата за вакцинирањето против ковид-19, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче по средбата на координативното тело за вакцинација.

Подготовките со цел ефикасен систем на вакцинација отпочнаа во очекување на 833.000 дози вакцини за 400.000 граѓани кои властите ги порачаа преку Ковакс механизмот на СЗО, а доставени се барања и за директни договори за дополнителни дози со производителите „АстраЗенека“ и „Фајзер“, како и 800.000 дополнителни дози преку ЕУ земјите. Набавната цена на вакцината преку Ковакс системот ќе ја чини државата 10 долари од доза.

Министерот појасни дека вакцинацијата ќе се врши во постоечките капацитети – вакцинални пунктови и болници, а ќе има и брз тренинг за здравствените работници. Тој додаде дека е добиена потврда од една американска фондација за фрижидери потребни за чување на вакцините на -70 степени кои ќе стигнат во јануари, а имало и состаноци со економски оператори за транспорт на вакцините.

Вакцината веројатно ќе пристигне на почетокот на следната година, а нема да биде задолжителна и ќе биде бесплатна за граѓаните. Како што посочи министерот Филипче, целта според проценките на медицинските експерти, е 60-70 проценти од популацијата да ја прими вакцината, што би било доволно за да се стекне имунитет.

Како што рече д-р Милена Стевановиќ, за оние кои прележале ковид-19, можноста за вакцинација постои, но кога ќе се во добра општа здравствена состојба, и секако штом се создадат услови според листата за приоритетно вакцинирање. Децата не се опфатени со оваа вакцинација.

Како што посочи Стевановиќ, во организмот се создаваат антитела на ковид-19 околу 21 по втората доза од вакцината, иако тоа е индивидуално, но како и за секоја вакцина најмалку еден месец по примањето се очекува заштитниот ефект од вакцината. А.Р.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ