недела, јуни 16, 2024
домаНасловнаСеверна Кореја јавно погуби граѓанин кој ги прекршил ковид мерките

Северна Кореја јавно погуби граѓанин кој ги прекршил ковид мерките

Северна Кореја одржа јавно погубување пред стрелачки вод за да казни граѓанин за кршење на правилата воспоставени поради корона вирусот, велат извори од таа земја.

Маж обвинет за шверц преку затворената граница со Кина бил застрелан на 28 ноември, со цел да се исплашат луѓето и да се принудат да ги следат правилата, пренесува „Радио Слободна Азија“ (Radio Free Asia).

Додека Северна Кореја тврди дека сè уште нема евидентирано случаи на корона вирус, режимот на Ким Џонг Ун воведе „итни мерки на карантин на исклучително високо ниво“ и на војниците им е наредено да пукаат кон оние што се обидуваат да ја преминат кинеската граница, велат извори.

– Стрелачкиот вод изврши јавно погубување со цел да им се закани на жителите околу границата, бидејќи имаше многу контакти со луѓе од другата страна на границата, вклучително и криумчарење – рекол изворот.

Лицето осудено на смрт е маж на возраст од околу 50 години, кој е обвинет за шверц преку границата со кинески деловни партнери. Границата е затворена скоро цела 2020 година.

Плашејќи се дека шверцерите можат да го внесат вирусот во земјата, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го засили армиското присуство на границата за да обезбеди почитување на мерките. Пјонгјанг, како што се тврди, испратил и специјални единици да ги проверат граничните полицајци и да се осигурат дека тие не биле вклучени во шверцот.

Друг извор рекол дека јавното погубување е типично за режим што сака да ги исплаши луѓето.

– Секогаш кога луѓето се жалат на загрозување на егзистенцијата, власта секогаш се обидува да ги замолкне заканувајќи им се со јавни погубувања или испраќање во политички логори – додал изворот. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ