Градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски информираше дека Штабот за заштита и спасување на Општина Ресен препорачува работните погони на Свисслион од Ресен, и двете текстилни фабрики кои досега беа ставени во мирување, заради заштита на вработените и сите граѓани на Општина Ресен, да останат во мирување и во наредните седум дена односно заклучно со 03.07.2020 година. Исто така, Гошаревски информира дека менаџерскиот тим на Леарница за алуминиум и цинк во Ресен (поранешна„Алгрета“) ги информирал дека по појавата на лица позитивни на вирусот КОВИД 19, ќе се направи компетен скрининг на сите вработени во фирмата.
Ресенво моментов има 87 активни случаи, од кои само во денешниот ден има 12 нови случаи со ковид-19 и едно починато лице. Денес Во оваа општина над 300 лица се ставени под здравствен надзор, како контакти на позитивните лица со место на живеење во Ресен.
Ресенчани исплашени за состојбата во која се наоѓа градот откако пред 15 дена е регистриран првиот заболен, велат дека граѓаните се плашат и се срамат да се јават на лекар и кога ќе почуствуваат симптоми на вирусот. Нашите соговорници велат дека граѓаниет се јавуваат на доктор откако болеста ќе ги совлада, а не по појавата на првите симптоми.
Осумдесетината заболени се од семејни прослави и приватни забави, но се уште нема официјална информација дали полицаецот од каде започна ширењето на заразата ќе одговара. Тој како државен службеник кој што требал да се грижи за јавниот ред и мир, самиот организирал собирања, велат нашите извори и додаваат дека треба да се одговори дали неколку дена пред славатаистот лице организирало семејна прослава во ресторанот од каде има неколку заболени.
Н.Доковска