Научните студии покажуваат дека темното чоколадо е богато со антиоксиданси и полнo со хранливи материи, што го прави оваа горко-слатка деликатеснa храна со бројни предности.
Темното чоколадо содржи фитонутриенти наречени флавоноиди, растителни хемикалии кои делуваат како антиоксиданси. Растението какао, од кое се добива чоколадото, исто така содржи соединение наречено теобромин, кое игра значајна улога во организмот.
„Какаото е полно со бројни антиоксиданси, всушност повеќе од зелениот чај или црвеното вино. Колку е чоколадото потемно, толку повеќе антиоксиданси ќе добиете, но мора да постои рамнотежа помеѓу јадењето вкусно темно чоколадо и добивањето здравствени предности“, вели Тоби Амидор, експерт за исхрана.
Студиите покажуваат дека здравите количини на темно чоколадо богато со какао можат да го подобрат начинот на кој телото ја метаболизира глукозата кога се консумира како дел од здрава исхрана. Инсулинската резистенција предизвикува висок нивo на глукоза во крвта (шеќер) и е знак за дијабетес тип 2. Во една студија, откриено е дека флавоноидите во темното чоколадо го намалуваат оксидативниот стрес, за кој научниците сметаат дека е примарна причина за инсулинска резистенција.
Додека истражувачите се согласуваат дека темното чоколадо има многу здравствени предности, потребни се понатамошни истражувања за да се утврди дали постои причинско-последична врска помеѓу консумирањето чоколадо и ризикот од дијабетес.
Добро за цревата и може да помогне во губење на тежината
Секојдневната навика на консумирање чоколадо веројатно изгледа спротивно од она што треба да го правите за да ослабете. Но, темното чоколадо е поинакво. Истражувањата сугерираат дека темното чоколадо всушност може да игра улога во контролата на апетитот, што би можело да помогне во губење на тежината. Секако, консумирањето повеќе од препорачаната количина дневно може да ги неутрализира потенцијалните придобивки за губење на тежината.
Богато со хранливи состојки
Секое темно чоколадо со 70% какао или повеќе содржи антиоксиданси, влакна, калиум, калциум, бакар и магнезиум. Сепак, темното чоколадо исто така содржи значителен дел калории и масти, па внимавајте на вашиот дневен внес.
А.Н.
