петок, октомври 11, 2024
домаКостадиновска-Стојчевска: „Фреска за НОБ“ од Борко Лазески е неизбришлив дел од меморијата...

Костадиновска-Стојчевска: „Фреска за НОБ“ од Борко Лазески е неизбришлив дел од меморијата на старо Скопје

На Новата железничка станица, објект кој е еден од најпрепознатливите симболи на изградбата на Скопје, по катастрофалниот земјотрес, синоќа се одржа настанот „Борко Лазески–уметност достапна за сите“ на кој беа презентирани дигитализирани проекции на скиците од фрагменти од неговата „Фреска за НОБ“, важен дел од меморијата на старо Скопје.

Во пресрет на 60-годишнината од трагедијата за градот, претседателот на државата Стево Пендаровски и семејството на Борко Лазески ја промовираа иницијативата за возобновување на монументалното дело на Борко Лазески, „Фреската за НОБ“ “, која до земјотресот во 1963 била дел од холот на старата железничка станица во Скопје.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на настанот истакна дека Лазески сам по себе е монументална фигура за современата македонска уметност кој успеал да ги обединети различни уметнички традиции – традицијата на македонскиот фрескоживопис, влијанијата на светската монументалистичка традиција, уметноста на Вилјам Блејк или од мексиканските муралисти.

–Земајќи ги предвид сите квалитети и значајни аспекти на „Фреска за НОБ“, најсрдечно ја поздравувам иницијативата за возобновување на ова дело. Неговото поставување ќе биде чин што ќе потврди дека македонската култура умее да создаде однос кон својата традиција, да ги препознае и да ги оживее своите автентични вредности–рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека Министерството за култура, преку надлежните институции, прави напори за да се зачува творештвото на Борко Лазески.

–Борко Лазески преферирал јавни простори за изложување на своите дела за да може да биде во комуникација со граѓаните, нешто што е вградено и во нашите културни политики – со кои сакаме културата да допре до сите граѓани и краишта на земјата. Министерството за култура е должно да ги поддржува сите автори кои работат на постигнување на оваа мисија. Како и досега, така и во иднина остануваме партнер и пријател на македонските уметници бидејќи нивните креации, освен што го толкуваат светот во кој живееме, се и наш начин за комуникација со остатокот од светот– рече Костадиновска-Стојчевска.

На настанот се обратија: претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, директорот на ЈП Инфраструктура, Зоран Трифуновски, Росица Лазеска, ќерка на Борко Лазески, како и Владимир Јанчевски, историчар на уметноста.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ