четврток, октомври 10, 2024
домаНотингем блокиран од голем инцидент: Три лица пронајдени мртви, уапсено едно лице

Нотингем блокиран од голем инцидент: Три лица пронајдени мртви, уапсено едно лице

Три лица се пронајдени мртви, а еден маж е уапсен во, како што полицијата го опиша како „голем инцидент“ во Нотингем. Во полициското соопштение се наведува, како што јавува Скај њуз, дека добиле повик нешто по 4 часот по полноќ на местото каде две лица биле пронајдени мртви на улица.

Следуваше уште едно јавување во полиција за уште еден инцидент на 1.600 километри каде комбе наводно се обидело да прегази три лица. Во близина е пронајден мртов и трет маж. Полицијата уапси 31-годишен маж под сомнение за убиство.

Службениците и другите служби за итни случаи на неколку локации се справуваат со „тековен сериозен инцидент“, соопшти полицијата во Нотингемшир. Трамвајската мрежа Нотингем Експрес Транзит (НЕТ), исто така, соопшти дека ги прекинала сите услуги поради „големите полициски инциденти во градот и предградијата“.

На терен се и припадници на полицијата, брзата помош и противпожарната служба. Во полициското соопштение се вели: „Има голем број на затворени патишта низ градот додека се истражува инцидентот. Ги замолуваме јавноста и возачите да ги избегнуваат следните области и да планираат алтернативни рути“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ