понеделник, јуни 17, 2024
домаНасловнаОсмани: Обезбедена донација од 55 респираторни машини

Османи: Обезбедена донација од 55 респираторни машини

Обезбедена е донација од вкупно 55 респираторни машини за потребите на здравствените институции во земјава во справување со ситуацијата на корона вирусот, соопшти на денешната прес-конференција вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи.

Норвешката амбасада донира 25 респиратори за Инфективната клиника во Скопје,  кои во моментов се во Турција и се бара начин како да се донесат во нашата земја по копнен пат. Договорена е набавка на уште 30 респиратори од Кина. Не се знае кога би можеле да бидат испорачани од Кина, бидејќи оваа земја има порачки од 100-тина земји, па ќе испорачува со онаа динамика со која ќе произведува, соопшти Османи.

Тој додаде дека апаратите од Кина ќе се набават со 4 милиони евра од добиената поддршка од ЕУ за Македонија која е во висина од 65-70 милиони евраза која информираше еврокомесарот Вархеји, а најголем дел од средствата ќе бидат искористени за санирање на последиците од пандемијата. Со добиената одлука за старт на преговорите за членство ќе имаме пристап и до средствата од Европскиот солидарен фонд со што и можностите за помош ќе бидат поголеми од овие првичните, објасни Османи. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ