вторник, јули 16, 2024
домаПијано рецитал на „Охридско лето“ со Франк Дупре

Пијано рецитал на „Охридско лето“ со Франк Дупре

Осумнаесеттата вечер од музичката програма на 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за пијано рецитал на извонредниот млад пијанист Франк Дупре од Германија.
Дупре ќе настапи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, 21 часот, а ќе изведе класични композиции од Шуберт, Шуман, Балакирјев, Буланже, Дебиси, Равел и Гершвин.
Овој млад, но исклучително талентиран пијанист е добитник на наградата „Опус Класикс“ за снимка на годината во категоријата Концерти во 2018 година, и лауреат на Германскиот натпревар за музичари во 2014 година. Германскиот пијанист Франк Дупре ги воодушевува жиријата со неговата музичка зрелост, рафинирана техника и можност да создаде широк спектар на бои од пијаното. Првично едуциран како џез перкусионист, Дупре има „широки видици“ во пијанистичкиот репертоар, со особен интерес кон современата и музиката на актуелните композитори на нашето време. Неговите скорешни и идни ангажмани вклучуваат соработка со фестивалот „Курт Вајл“ каде е резидентен уметник, деби со Ројал Нордерн Симфонија во Њукасл, со Симфонискиот оркестар во Трондхајм и со Симфонискиот оркестар на Лихтенштајн. Ќе се врати на сцените на „Вигмор Хол“, „Бозар“ во Брисел, и ќе продолжи да соработува со Филхармонијата во Штутгарт и театарот „Паулен“ во Цвикау. Дупре е уметник кој цврсто се етаблира на меѓународната музичка сцена и има остварено настапи со Лондонската филхармонија, како и со оркестрите во Минестота, Малме, Кристијансанд, Оукленд, со „Бетовен“ оркестарот во Бон и др. Во областа на камерната музика соработува со некои од највозбудливите имиња од неговата генерација како Симон Хофеле, Едгар Моро, Даниел Лозакович, Тимоти Ридаут, Киан Солтани и др. Исто така, е активен на диригентскиот пулт, и уметник кој често се јавува во улога на солист и диригент. Франк Дупре има соработувано како асистент со Сер Сајмон Ретл, Франсоа Гзавие Рот и Марио Вензаго.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ