По денешните официјални информации за бројот на починати и новозаразени од корона вирусот во Преспа, стасуваат многу прашања од граѓаните на овој регион кој до 11 јуни немаше ниеден заразен. Тие велат дека тоа е поради тоа што никој не неправил тестирање на граѓаните и прашуваат дали ќе бидат казнети оние кои им го донесоа вирусот.
Имено, според не потврдени информации вирусот не е дојден од семејна прослава во домашни услови, туку од крштевка организирана во ресторан, од каде има неколку позитивни на вирусот. Но, дека оваа информација вешто се крие, иако во мал град се се дознава.
Исто така денеска неколку наши читатели бурно реагираа на бројката на починати и тврдат дека не се кажува точно, затоа што во Ресен денеска има уште едно починато лице од вирусот, а целата негова фамилија е позитивно.
Преспанци исто така бараат да се каже кои села се најпогодени и тврдат дека во селата од Грнчари до Долно Дупени има повеќе заразени кои слободно се шетаат низ селата.
Ресен со 13 ново заразени е на третото место на активни случаи.
Н.Д.