петок, ноември 22, 2024
домаЖивотСуспендирани клиничките испитувања на вакцината Оксфорд поради реакции кај учесник во тестирањето

Суспендирани клиничките испитувања на вакцината Оксфорд поради реакции кај учесник во тестирањето

 

Конечните клинички испитувања на вакцината за коронавирус, развиена од АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд, се суспендирани откако учесник во испитувањето имал несакана реакција во Велика Британија, пренесува Би-Би-Си.

АстраЗенека ова го опиша како „рутинска“ пауза во случај на „необјаснета болест“. Тие исто така забележуваат дека во третата фаза на тестирање, која исто така ја вклучува оваа вакцина, испитувањата вклучуваат илјадници учесници и може да траат со години.

Вакцината од Оксфорд се сметаше за една од најсериозните кандидати за влез во комерцијална употреба како лек против коронавирусот, откако покажа многу добри резултати во првата и втората фаза на тестирање. 30.000 луѓе од САД, Велика Британија, Бразил и Јужна Африка учествуваа во третата и последна фаза на тестирање на оваа вакцина.

Ова е втор пат да се паузира испитувањето на вакцината против коронавирусот. Ваквите настани се рутински во главните испитувања и се случуваат секој пат кога некој волонтер на кого е спроведена вакцина почувствува непријатност. Сепак, можно е да се продолжи со тестирање за неколку дена.

„Стат њуз“, британскиот специјализиран здравствен портал кој прв ја објави сторијата, известува дека деталите за несаканите ефекти на учесниците во истражувањето не се познати, но како што тврди нивниот извор, се очекува тие да се опорават.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека сака вакцината да биде достапна во САД пред изборите на 3 ноември, но неговите коментари ги разгореа стравувањата дека политиката може да има предност пред безбедноста при брзање на вакцината.

Во вторникот, група од девет производители на вакцини против Ковид-19 се обидоа да ја уверат јавноста објавувајќи „историски завет“ дека ќе се придржуваат до научните и етичките стандарди во потрагата по вакцината. „АстраЗенека“ е меѓу деветте компании кои се обврзаа на тоа. Тие ветија дека „безбедноста и благосостојбата на вакцинираните лица секогаш ќе бидат врвен приоритет“.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека скоро 200 потенцијални вакцини против новиот вирус во моментов се во различни фази на тестирање и развој, но дека не може да се очекува дека некои од нив ќе бидат во комерцијална употреба до крајот на оваа година. Временската рамка објавена од експерти на СЗО како реална  временска рамка кога треба да се појави функционална вакцина е до средината на следната година.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ