Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави денеска дека на лидерите на Европската унија им предложила во борбата за созбивање на коронавирусот да воведат 30-дневна забрана за влез во Шенген зоната.

Во видео пораката на својот Твитер профил, таа прецизираала дека од предлогот се изземени сите они кои имаат постојан престој во ЕУ, членови на семејствата на државјани на земјите членки, дипломати и персонал како лекари, медицински сестри и експерти кои помагаат да се запре коронавирусот, како и луѓето кои вршат транспорт на стоки.

Таа најави дека ограничувањето на влез во Шенген зоната би траело 30 дена, а дека би можело да се продолжи по потреба. Претседателката на ЕК оценува дека со намалување на сцојалната интеракција ќе се намали брзината на ширење на вирусот.

-За да биде поефикасна, оваа рестрикција мора да се примени и од страна на четирите држави кои не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген“, заклјучи Урсула фон дер Лајен. А.Р.