четврток, април 25, 2024
дома16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023

16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023

Од 27 до 29 април, на Малата сцена на Македонскиот народен театар, ќе се одржи 16. по ред Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023.

На овогодишното издание на фестивалот ќе видиме три претстави од различни жанрови и од различни земји. На отворањето на фестивалот на 27 април, ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес со 90-минутната пантомима, „Страдањата на Исус“, претстава која како тема ги зема најважните случувања од животот на Исус, а сето тоа преточено преку јазикот на пантомимата. Патување 2000 години назад во минатото, моќно, поетско, драматично, трогателно.

На втората вечер на фестивалот ќе настапи младата актерка од Србија, Нада Милошевиќ, со својот буто перформанс „Суштество“, во кој како егзистенцијален предизвик се поставува истражувањето на скриениот архетип на битието, изгубено во сопственото опкружување…

На третата вечер имаме гости од Романија кои ќе настапат со својата претстава, физички театар, танц и пантомима „Hommo Love“, претстава која како соло актер ја води Пол Цимпоеру, потпомогнат од својата партнерка Алина Пентак, претстава за љубовта која секогаш и сегде ни се случува и нѐ канат, не да ја видиме, туку да ја почувствуваме…

Оваа година фестивалот има ревијален карактер, а како и изминативе три години по ред билетите за претставите се бесплатни. Публиката, нив ќе може да си ги подигне секој ден од 27 април до 29 април од 14:00 часот, на билетарницата на МНТ и пред почетокот на секоја од претставите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ