Најголемата велосипедска трка во светот, Тур де Франс, е одложена поради ширењето на коронавирусот, соопштија организаторите.
Трката, 107-ма во историјата, требаше да започне на 27 јуни во Ница и да заврши во Париз на 19 јули, но тоа нема да се случи откако француската влада ги откажа сите спортови и други настани до средината на јули.
Како нови датуми се споменуваат средината на август или почетокот на септември.
Тур де Франс последен пат не беше одржан во 1946 година кога нацијата сè уште се опоравуваше од последиците од Втората светска војна. А.Н.