среда, декември 18, 2024
домаНасловнаСЗО бара УЕФА да ги забрани натпреварите подолго од една година, УЕФА...

СЗО бара УЕФА да ги забрани натпреварите подолго од една година, УЕФА негира дека тоа било побарано

И покрај препораките на СЗО, навивачите се надеваат на поинаков исход на ситуацијата.

Светската здравствена организација (СЗО) побара од УЕФА  суспендирање на фудбалот во Европа до крајот на следната сезона, односно до крајот на 2021 година, јавуваат италијанските медиуми.
Коронарната пандемија на вирусот веќе го стопираше спортот во целиот свет, при што СЗО се подготвува за екстремни мерки во случај на втор бран.

Според Апенинските медиуми, СЗО го дал својот предлог за време на состанокот со генералниот секретар на УЕФА, што се одржуваше преку видео повик.

Сепак, добрите познавачи на приликите тврдат дека не е реално УЕФА да го прифати барањето, бидејќи значително ќе ја загрози финансиската стабилност на многу клубови.

УЕФА, пак, по споделувањето на информацијата, негираше дека тоа било побарано од страна на СЗО.

Ал.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ