Пекинг, наводно, испратил тим експерти во Северна Кореја за да го прегледаат Ким Џонг-ун по шпекулациите дека лидерот на Северна Кореја е сериозно болен.
Делегацијата ја предводи висок функционер на кинеското тело за соработка со Северна Кореја.
Засега е нејасно дали доаѓањето на кинеските експерти значи дека извештаите за состојбата на Ким се вистинити или не, пренесува „Гардијан“.
Доаѓањето на кинеската делегација следи откако јужнокорејските медиуми објавија дека Ким закрепнува од операција на срцето. Набргу потоа, во американските медиуми се појавија извештаи дека севернокорејскиот диктатор е во сериозна состојба.
Ова наскоро беше демантирано и од Сеул и од Кина,а американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на новинарите, велејќи дека тој верува дека извештаите се „неточни“, но не откри дали е во контакт со севернокорејските власти. А.Р.