вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотКорона деноноќие: процентот на сериозно болни пациенти опадна на три проценти

Корона деноноќие: процентот на сериозно болни пациенти опадна на три проценти

Повеќе од 2.890.000 луѓе се заразени со вирусот ширум светот, повеќе од 200.000 луѓе починале, а околу 825.000 се опоравиле, млади и здрави луѓе ќе добијат потенцијални вакцини, а потоа намерно ќе бидат изложени на вирусот, објаснуваат експертите.

Околу 1.500 луѓе од целиот свет се пријавиле на контроверзниот проект 1Sunner, познат и како „Студија за предизвици на Ковид-19“. Идејата која стои зад иницијативата е да се вакцинираат голем број на млади и здрави кандидати за, потоа свесно да ги инфицираат со САРС-КоВ-2, за да го следат одговорот на нивниот имунолошки систем.

Италијанскиот научник Елиса Гранато е првата личност што доброволно се инјектира со новиот тест за вакцини против Ковид19. Добрата вест е дека процентот на сериозно или критично болни луѓе опадна и сега изнесува три проценти.
Италија изгуби 26.384 од своите граѓани, Шпанија 22.902, Франција 22.614, додека 20.319 лица починаа во Велика Британија.
Во последните 24 часа, седум лица, најмногу во едно деноноќие починаа во Србија  од вирусот корона.

Светската здравствена организација (СЗО) објави денес дека сè уште нема докази дека луѓето кои развиле Ковид-19 и развиле антитела не можат повторно да се разболат.

Неколку луѓе се позитивни за коронарниот вирус во сиропиталиште во Белорусија, во кој се сместени 170 деца со посебни потреби, соопштија локалните власти.
Во Шпанија 378 лица починаа во изминатите 24 часа како резултат на корона вирусот, мало зголемување на бројот на жртви во однос на петокот, кога беше регистриран најмал број на жртви во изминатиот месец, 367.

Во Холандија, во изминатите 24 часа се пријавени дополнителни 655 нови случаи на вирусот корона, со што вкупниот број заразени изнесува 37.190, соопштија здравствените власти. Според холандскиот институт за јавно здравје, во последните 24 часа починале уште 120 лица, со вкупна бројка на смртни случаи од 4.409.

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани седум нови случаи на вирусот корона, со што вкупниот број на заразени достигна 2.016 лица. Три лица починале во исто време – две машки и една жена, изјави денес министерот за здравство Вили Берос.
Велика Британија стана петта земја со повеќе од 20.000 жртви, со уште 813 мртви во изминатите 24 часа.

Јапонскиот министер за економија Јасутоши Нишимура ја откажа денешната прес-конференција и рече дека ќе работи од дома, откако се откри дека бил во контакт со член на персоналот, кој бил позитивен за вирусот на корона.

Во изминатите 24 часа, бројот на лица кои активно се зафатени од вирусот корона во Австрија се намали за уште 160 на 2.509. Вкупно 15.094 луѓе се заразени досега од појавата на вирусот на тлото на Австрија, а тој број во последните денови само се намалува на двојни цифри, за разлика од претходните денови кога беа трицифрени.

Во Русија, во изминатите 24 часа се пријавени 5.966 случаи на вирусот корона, со што се зголеми вкупниот број на пациенти на 74.588, соопшти денеска кризниот штаб за борба против вирусот. Во соопштението од Кризниот штаб се посочува дека скоро половина од заразените, или 2.915, немаат никакви симптоми.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ