домаНасловнаДозволено движење од 05 до 14 часот за првомајскиот викенд

Дозволено движење од 05 до 14 часот за првомајскиот викенд

На денешната седница Владата донесе одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

-На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден – сподели на својот фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ