На прашањето на ТЕХТ.МК дали би се одлучиле да одите на одмор, под услов по враќањето од одмор да бидете задржани во 14 дневен крантин, 33.3 отсто од 523 лица што одговорија дека би прифатиле, доека 66,7 одговориле негативно. Што значи дека една третина од испитаниците се подготвени и на карантин, само да појдат на одмор.
Не е иништо поразлично и во други држави. Во анкетата која што ја спроведе booking.com и на која одговарале 20.432 испитаници од 22 земји, нешто повеќе од 60 илјади испитаници одговориле дека без разлика на се би отпатувале на одмор.
Повеќе од 80 проценти од патниците ширум светот кои учествувале во истражувањето рекле дека екотуризмот е важен за нив, а 74 проценти од испитаниците рекле дека оваа година планираат да практикуваат еко-туризам (хотелите да ги заменат со приватни апартмани на планина). Секој трет патник (33 проценти), кој учествуваше во истражувањето, одговориле дека ќе го променат својот избор доколку патничките компании им понудат алтернативз, а со цел да ги намалат гужвите на едно место.
Туристите, исто така, сметаат дека се неопходни алтернативните превозни средства за да стигнат до нивната дестинација. За патувања на долги растојанија, 28 проценти од испитаниците претпочитаат воз отколку автомобил.
Н.Д.