Одбојкарската Лига на нации во обете конкуренции е откажана поради пандемија на коронавирус, објави денес Светската одбојкарска федерација.
ФИВБ изјави дека градовите домаќини не се во можност да гарантираат безбедно учество на спортисти и навивачи, како и висококвалитетно натпреварување, а одлуката е донесена заедно од Советот на Лигата на нациите, Управниот одбор на ФИВБ и учесниците во натпреварите, односно организаторите на турнирите.
ФИВБ соопшти дека ќе работи внимателно со сите учесници на календарот и распоредот на натпреварот за Лигата на нации 2021 година, а особено ќе се договара со Италија и Кина за организација на финалните турнири на Лигата на нации 2021 година.
ФИВБ го откажа и Челинџер Купот 2020 година, квалификациските турнири за Лигата на нации 2021 година, кои требаше да се играат во Гондомар во Португалија и Задар во Хрватска. А.Р.