сабота, ноември 16, 2024
домаНасловнаМЗ: Се шири мејл со лажна содржина, граѓаните да не потпаѓаат на...

МЗ: Се шири мејл со лажна содржина, граѓаните да не потпаѓаат на манипулации

Меѓу граѓаните се шири мејл со невистинита содржина, испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство, соопштија оттаму.

Од министерството за здравство додаваат дека е известен секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, кој веќе постапува за овој случај.

Официјалната мејл адреса на ресорното Министерство е: contact@zdravstvo.gov.mk.

Од министерството за здравство апелираат граѓаните да не потпаѓаат на оваа манипулација, поспочувајќи дека ширењето лажни информации, особено во овие кризни времиња е опасно за здравјето и безбедноста на граѓаните и штетно за целото општество. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ