среда, ноември 27, 2024
домаЖивотЗдравјеИ Грција и Албанија размислуваат дали да ги затворат границите за македонските...

И Грција и Албанија размислуваат дали да ги затворат границите за македонските граѓани

По зголемување на бројот на заразени со корона вирусот во нашата земја, и по новите услоиви за влез во Бугарија, а спуштање на рампата во Црна Гора, се чини дека и Албанија и Грција размислуваат да превземат одредени чекори.

Во интервју за радио „Солун“ грчкиот државен министер, Јоргос Герапетрис изјави дека постои можност неговата држава да не ги отвори границите за Македонија.

Тој потврдува дека нема информација, ниту најава дека ќе има промена и за сега останува  границата со Македонија да биде затворена до 15 јуни, но дека ќе се следи ситуацијата.

-Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Северна Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај, рече Герапетрис.

Иако беше предвидено по 15 јуни да се отворат границите во земјава, според моменталната состојба со бројот на заразени тешко дека тоа ќе се случи!

Од друга страна и Албанија најави дека ќе ја следи ситуацијата со новозаразени во Северна Македонија и врз основа на тие бројки ќе одлучи под кои услови ќе ги прима нашите граѓани.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ