Грчката влада доцна вечерва донесе одлука да дозволи преминување на границата за граѓаните на Србија меѓу Бугарија и Грција, откако претходно не им дозволи да влезат од граничниот премин “Богородица“.
-По целодневните разговори со грчките власти, вечерва ме известија дека ќе започнат да ги ослободуваат нашите граѓани преку бугарско-грчката граница – изјави за „Блиц“ српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Границата меѓу Северна Македонија и Грција сепак ќе се дигне најрано на 1 Јули.
Н.С.