понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаВизер приземјен до 13 јули

Визер приземјен до 13 јули

Визер повторно информира дека продолжува суспензијата на нејзините летови до 13 јули. Во соопштението од оваа нискобуџетна компанија се вели:

-Патниците со билети за суспендираните летови кои направиле резервации директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на WizzAir. Патниците, исто така, може да одберат опција за враќање на парите за која треба подолго време да се реализира и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во овој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции, вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението на „Визер“.

Со одлука на Владата, како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, од 15 март на полноќ е затворен аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а од 18 март на полноќ и Меѓународниот аеродорм Скопје. Владата на седница во петокот утврди протокол за непречен транзит на странци преку граничните премини „Табановце“, „Деве Баир“, „Богородица“, „Ќафасан“, „Блаце“, како и на аеродромот Скопје. Но, се уште не се знаекога аеродромот ќе биде отворен.

Само колку за потсетување, министерот за транспорт Горан Сугарески минатата недела изјави дека се разговара за отворање на аеродромите, но оти сè уште е рано за одлука.

Н.Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ