петок, ноември 15, 2024
домаНасловнаДимитров позитивен на Ковид-19, Адрија тур откажан: „Ги следевме сите епидемиолошки мерки“

Димитров позитивен на Ковид-19, Адрија тур откажан: „Ги следевме сите епидемиолошки мерки“

Откако бугарскиот тенисер Григор Димитров објави дека има позитивен тест на Ковид-19, откажано е финалето на Адрија тур во Задар, а набргу беше издадено официјално соопштение.

Адрија тур им се обрати на своите следбеници преку Инстаграм, по повод откажување на финалето (Ѓоковиќ – Рублев) и позитивниот тест на Ковид-19 од Григор Димитров.

„Одлучивме превентивно да го откажеме финалето на гостувањето во Адрија, кое вечерва беше планирано како тениски спектакл, исто така, со цел да го заштитиме здравјето на сите учесници и посетители“, се наведува во соопштението.

Сите учесници и членови на Адрија тур во Задар ќе бидат тестирани за коронавирус. Адрија тур инаку, започна пред нешто повеќе од една недела во Белград.

„Во секое време строго ги следевме епидемиолошките мерки утврдени од државите во кои е организиран Адрија тур. Ниту едно од лицата вклучени во организацијата и кои биле во контакт со Григор нема симптоми. Сепак, ние сме во близок контакт со здравствените власти да се увериме дека луѓето што биле во близок контакт со Григор ќе бидат тестирани вечерва “, се додава во соопштението.

Покрај финалето, откажан е и концертот на Петар Грашо.

“Концертот на Петар Грашо, кој требаше да се одржи по завршниот натпревар, исто така е откажан. За организаторите на Адрија тур, на прво место е здравјето на сите учесници и посетители. Очекувајте повеќе информации наскоро и благодариме за разбирањето.” А.Р.

View this post on Instagram

URGENT ANNOUNCEMENT 📢‼️ The Bulgarian tennis star Grigor Dimitrov has tested positive for COVID 19. A positive test was confirmed to him tonight in Monaco. As a precaution and to protect the health of all participants and visitors, the organisers of Adria Team have decided to cancel the Grand Finale of the tennis spectacle planned for tonight. ⠀ At all times we have strictly followed the epidemiological measures in place with the countries where the Adria Tour was organised. None of the people involved in the organisation and who have been in contact with Grigor have any symptoms. However, we are in close contact with health authorities in order to insure that all people who were in contact with Grigor Dimitrov will be tested tonight. Since we do not want to risk, we decided to cancel the Final match. The concert of Peter Graso, which was supposed to take place after the final match, was also canceled. For the organizers of the Adria Tour, the health of all participants and visitor comes first. ⠀ More information soon. ⠀ Thank you for understanding! #AdriaTour

A post shared by Adria Tour (@adriatourofficial) on

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ