среда, декември 18, 2024
домаЖивотЃоковиќ и сопругата позитивни на корона вирус

Ѓоковиќ и сопругата позитивни на корона вирус

Новак Ѓоковиќ е позитивен на новиот вирус корона, исто како и неговата сопруга Јелена, а откако пристигнаа резултатите, тој реши да се обрати пред јавноста.

“Веднаш по пристигнувањето во Белград (од Задар), отидовме на тестирање. Моите резултатите, како и на Јелена се позитивни. Децата се негативни”, започна Ноле.

Тој додаде: „Сè што направивме во изминатиот месец, направивме со чисто срце и искрени намери. Нашиот турнир беше од хуманитарна природа со идеја да им помогнеме на тенисерите од регионот, да им обезбедиме услови да играат, да заработат приходи и сл. Во исто време, сакавме да испратиме пораки на солидарност и почит, фер игра, целта беше да им помогнеме на добротворни организации и на оние на кои им е најпотребна помош, и драго ми е што голем број на луѓе се приклучија на таа иницијатива “, посочува Ѓоковиќ.

За тоа зошто овој момент е избран за натпреварот, тој го наведува следново:
„Ние го организиравме турнирот во време кога вирусот беше ослабен, верувајќи дека се исполнети условите за негово одржување“.

Тој изрази жалење за сите оние кои се заразија:

“Исклучително ми е жал за секој поединечен случај на инфекција. Јас ги следам изјавите на лекарите и се надевам дека бројот на заразените нема да се зголеми. Се надевам дека никој нема да биде во комплицирана здравствената состојба и дека сите ќе бидат во ред. Јас ќе останам во самоизолација наредните 14 дена и ќе го повторам тестот за 5 дена “, заклучи Новак Ѓоковиќ.
Да ве потсетиме, најдобриот тенисер на светот, реши да не оди со другите учесници од турнирот Задар на итно тестирање за новиот вирус корона, туку да го стори тоа во Белград, каде се врати во понеделник.

Имено, бидејќи не чувствувал никакви симптоми, во согласност со препораките на надлежните хрватски здравствени власти, тој решил да се врати во главниот град на Србија, каде веднаш извршил тестирање и ги дознал резултатите во вторникот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ