сабота, јануари 11, 2025
домаНасловнаСпасовски апелираше до сите да допринесат за еднакви услови и фер натпревар...

Спасовски апелираше до сите да допринесат за еднакви услови и фер натпревар во изборната кампања, но без говор на омраза

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес конференција го објави почетокот на предизборната кампања и повика изборите да се одржат според стандардите што беа постигнати на последните гласања, а кои според него треба да бидат достојни на земја членка на НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ која чека преговарачка рамка. Спасовски потенцира  дека се во тек подготовки изборната кампања да биде безбедна, притоа повикувајќи ги граѓаните да излезат да гласаат каде како што рече ќе се задржат од 3 до 5 минути, односно помалку од времето што го поминуваат во маркет или на пазар.

Тој нагласи дека ни се потребни активно Собрание и целосно функционална Влада ако сакаме да излеземе од здравствената и социјалната криза. Институциите, рече премиерот,  покажаа капацитет да се справат со корона вирусот, но следната фаза мора да биде успешно спроведување на изборите.

Техничкиот премиер апелираше до сите да допринесат за еднакви услови и фер натпревар во изборната кампања, но без говор на омраза.

-Секое грубо кршење на ова право ќе биде санкционирано од институциите и од судот на јавноста, а исто така и секое кршење на мерките за корона вирусот. Секоја злоупотреба на државните ресурси за партиски цели ќе биде најстрого санкционирана, рече Спасовски, упатувајќи ја таа порака особено на актуелните функционери. Според него, институциите сега се транспарентни, а не како порано, и граѓаните ќе имаат увид во нивното однесување.

Спасовски се осврна и на отворањето на границите, а за тоа дали е пресметан ризикот од ширењето на заразата, Спасовски рече дека таа одлука се најавуваше подолго време и зависеше од анализите на Комисијата за заразни болести .

На прашањето дали е превид фактот дека на 15 јули нема изборен молк, Спасовски рече дека ДИК ќе ги одреди сите чекори во изборниот процес. Но, новина е што ќе се гласа два дена претходно, така што кампањата ќе трае помалку од 20 дена.

А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ